(Видео) Бобан Цаневски најдобар од публиката во „Никогаш не е доцна“, македонскиот пејач еден од тројцата победници во шоуто

Македонскиот пејач Бобан Цаневски е еден од тројцата победници во шоуто „Никогаш не е доцна“. Тој освои 1.892 СМС-гласа и ја доби наградата од публиката. Најдобар преку „Фејсбук“ беше Дубравко Биондиќ-Дуба со 27.855 гласа, а победник од жирито е Амер Ченгиќ.

Шоуто заврши по десет месеци, а во финалето пееја 12 натпреварувачи. Цаневски во финалето ја пееше „Чија си“ од Тоше Проески.

„Шоуто го почнав со песна од Тоше, па ред е и да го завршам така“, рече Бобан пред својот настап.

Публиката го поздрави со голем аплауз, а наградата му ја даде Жељко Самарџиќ.

Следната осма сезона на шоуто ќе почне во септември.

Scroll to Top