Македонскиот пејач Боби Павловски има нова песна и спот. Песната е на српски јазик и насловена „Стара рана“ и станува збор за побрза композиција, спакувана во стилот на 80-те години.
„Музиката, текстот и аранжманот се на Милан Раѓен мојот веќе проверен соработник кога станува збор за аранжманите на нумерите снимени на српски јазик и, исто така, комплетен автор на „Поносан“ која излезе на истиов ден, пред точно една година. Навистина убава коинциденција и искрено се надевам дека реакциите на публиката и за оваа тема ќе бидат исто толку позитивни“, вели Боби, кој со оваа песна полека го затвора албумот што би требало да биде комплетиран до крајот на летото.
„Стара рана“ инаку доаѓа по песните „Тамо негде“, „Заблуда“, „Калдрма“, „Самица“, „Поносан“, „Не оклевај“, и и овој пат видеото е со потписот на Tropical Lifeisfun. Кадрите се снимени во Белград, под режисерската палка на Љуба Радојевиќ.
„Презадоволен сум од финалниот производ и искрено верувам дека и „Стара рана“ ќе ѝ се допадне на мојата публика. Едвај чекам да ја отсвирам и отпеам во живо и да ги видам реакциите“, вели Павловски и додава дека септември е месецот кога на својата публика ќе ѝ ја претстави последната песна од албумот снимен на српски јазик.