(Видео) Боби Павловски во Белград сними спот за новата песна

Македонскиот пејач Боби Павловски има нова песна, „Калдрма“, за која спотот го сними во Белград. Автор на музиката и текстот на оваа балада е Љубинко Танасиќ, аранжманот го направи Милан Раѓен, а нов соработник во песната е Ивана Селаков, која јавноста ја памети по многуте хитови и особено по дуетот со Аца Лукас. Режисер на видеото е Љуба Радоевиќ.

Новата песна на Боби е најава за албумот на кој музичарот работи веќе некое време.

„Се гордеам на целиот проект и едвај чекам на јавноста да ѝ го претставам целиот албум. Пред да го промовирам албумот во план ми е да пуштам уште три песни, од кои едната ќе биде дует. Морам да признам дека оваа песна во мене разбуди посебна емоција уште кога ми ја понудија и не ми е срам да кажам дека додека ја снимав сцената како свирам на клавир, плачев“, вели Боби.

Scroll to Top