(Видео) Бодибилдер-шампионката Катерина Попева во новиот спот на „Ареа“

Гостиварскиот рок-бенд „Ареа“ ја промовира новата песна „Јаве или сон“. Спотот е во режија на Александар Ристовски-Принц, кој исто така се потпишува и како снимател и монтажер.

Спотот се снимаше на локација во старо училиште во скопско Кучково. Во видеото се појавуваат голем број статисти, меѓу кои и бодибилдер-шампионката Катерина Попева.

„Среќна сум што можам да ви го претставам новиот спот на ‘Ареа’ за песната ‘Јаве или сон’“, напиша Ружица на социјалните мрежи.

Scroll to Top