Бојана Скендеровски има нова песна, баладата „Сонце меѓу сенките“. Песната ќе биде дел од новиот студиски материјал што пејачката го подготвува за македонскиот и српскиот пазар.
„Оваа песна не ми беше во план ниту да ја снимам ниту да се најде на веќе најавениот албум, но штом ја слушнав буквално се вљубив и едноставно не можев да ѝ одолеам. Се работи за песна која буди некоја магична емоција и навистина верувам во неа“, вели Бојана.
Текстот го напиша Робин Зимбаков, музиката и аранжманот се на Срѓан и Кристијан Јовановиќ. Спотот го режираше Дарио Јанковиќ, а е снимен на повеќе локации низ Скопје.
Бојана освен македонска, сними и српска верзија со наслов „Енигма“. Текстот за српската верзија е на Дивна Миловановиќ.