Младиот битолчанец Божидар Николовски деновиве го промовираше својот трет по ред кавер на песната “Fly me to the moon”. Со ова ја најави и неговата втора авторска песна.
Ова е мој трет кавер на кој што сум работел во мојата досегашна музичка кариера, но овој пат се одлучив за малку поинаков звук и сосема поразличен јазик, овој пат станува збор за англискиот јазик и песната “Fly me to the moon” од големиот Френк Синатра. Ова е сосема поразлично од сето тоа што до сега сум го работел, тоа беше и поентата да се разликува од останатите проекти на кој што сум работел и воедно да биди сосема неочекувано за публиката која што ја слуша мојата музика и ме следи мене, во кое што и успеавме, барем судејќи по коментарите кои што ги добивам одкако е излезен каверот па се до сега, за кое посебно се радувам. Овој кавер е најава на она кое што следи а тоа е мојата нова а воедно и втора авторска песна која што се подготвува ако се биде како што треба ќе излезе за два до три месеци, а до тогаш публиката може да ужива во мојата прва песна со наслов “ Да си моја” и со моите предходни проекти на кои сум работел и се разбира во “ Fly me to the moon” и мојата верзија!“, вели Бижидар за Репортер.
По снимањето на неговиот прв кавер на песната „Осамен” од Трајче Манев, Божидар го сними и неговиот втор кавер на легендарната „Битола мој роден крај”.
Набрзо потоа се појавува во Канео фест, каде решава да учествува со негова прва песна. Првата песна му е насловена како “Да си моја” каде што текстот, музиката и аранжманот се дело на Мими Марковски.