(Видео) Бугарска новинарка му подари на Ковачевски црвено јаболко, тој праша дали да го јаде сега или да го чува за после

Премиерот Димитар Ковачевски на крајот од денешната прес конференцијата со неговиот бугарки колега Кирил Петков, од една од бугарските новинарки за подарок доби јаболко. Таа му го даде јаболкото и му посака успех во работата.

„Господине Ковачевски, дозволете да ви подарам здраво, бугарско, црвено јаболко, во знак на благодарност дека вие ќе го запазите единството меѓу Бугарија и Северна Македонија“, рече новинарката.

Бугарскиот премиер Кирил Петков се насмеа и рече: „Нашето убаво
јаболко“, а Ковачевски го праша дали може да го изеде сега или да чува за после.

Scroll to Top