(Видео) Четкар на официјалната Топ 40 листа во Јапонија

Македонскиот џез-музичар Владимир Четкар се најде на официјалната Топ 40 листа во Јапонија. Јапонската радиостаница FM Kyoto од Кјото ја стави песната на Четкар Come With Me на својата листам на која се и најголемите музички ѕвезди од Америка и Англија. Неговата музика сè повеќе се слуша во Јапонија.

Особено популарен во Јапонија е третиот студиски албум на Четкар, Going Home, кој светската промоција ја имаше во Јапонија пред еден месец.

Scroll to Top