(Видео) Чола на тренинг кај Пандев

На тренингот на македонската фудбалска репрезентација дојде и регионалната ѕвезда Здравко Чолиќ како поддршка пред натпреварите на Македонија со Полска и Австрија.

На дружбата со македонските фудбалери тренерот Игор Ангеловски раскажа анегдота дека Здравко пред натпревар е како амајлија за среќа.

На тренингот, покрај дружбата со фудбалерите, капитенот Горан Пандев му подари дрес на Чолиќ, кој рече дека Македонија-Полска треба да заврши 1:0 во корист на нашата репрезентација.

Чолиќ раскажа дека кога бил млад, многу го бивало за топка, но и дека секогаш бил голман кога играле во Сараево на мали голови. Страсниот навивач на „Железничар“ раскажува за најважната споредна работа на светот, за времињата на југословенската репрезентација, за атлетиката, за „Вардар“.

Гледајте го интервјуто.

Scroll to Top