Композиторот Никола Мицевски и поп -пејачката Дани Димитровска во џез варијанта ја преработија старта македонска песна „Дејгиди, луди млади години“ . Песната е објавена на јутјуб-каналот на Дани. На прашањето зошто изборот падна на оваа песна Дани вели : Бидејќи е белег, жиг, отпечаток од прст кој сите го имаме. Бидејќи во суштината сме едно. Полина Тасева и Агни Авшар се дел од вокалниот, а Иван Бејков, Дино Милосавлевиќ, Владимир Крстев, Петар Христов се дел од инструменталниот дел од составот.