Младиот пејач Даниел Крстески деновиве ја преработи песната „Земјо мила“ од Никола Давидовски – Коле. Песната е создадена во 1977 година од композиторот Јане Коџабашија.
Песна се слушала во времето на поранешна Југославија и особено се пеела кога Тито доаѓал во посета на Скопје.
„Се надевам дека со препевот на оваа песна, ќе го подигнам малку патриотизмот кај луѓето. Сосема случајно ја слушнав песната на ‘Јутјуб’ и се потсетив дека кога бев дете, беше многу вртена на телевизија и на радиостаниците. Без многу двоумење ,ја зедов гитарата и почнав да ја свирам. Така и ми дојде идејата да ја препеам. Веднаш му се јавив на професорот Јане Коџабашија од кого добив дозвола да ја преработам“, вели младиот пејач Крстески. Даниел и екипата снимија и видеоспот.