(Видео) Дац и Александар ја вратија Росана на сцената, незаборавна ноќ со евергринот „Едно срце имам“

Дац и Александар, синоќа во скопско кафуле го отпеаја евергринот „Едно срце имам“ и тоа заедно со Росана Сариќ Тодоровска. Вистинска ноќ за уживање во добра музика, беше општиот впечаток на присутните во скопскиот „Трибека“.

“ Ја вративме Роса на сцената“, велат Александар и Дац за заедничкиот настап со Росана. .

Оригиналната верзија ја отпеаа сестрите Росана и Маријана во 90 -тите.

„Низ годиниве постојано се договаравме да отпееме нешто заедно и конечно периодов Росана посака да ја испееме “Едно срце имам” со која Маријана и Росана се појавија на Фолк Фест Валандово 1988 година“, напишаа Дац и Александар.

Музика е на Тоде Новачевски, додека текстот е на Драган Мијалковски. Песната која има нов аранжман ја посветија во чест на авторот Тоде Новачевски кој неодамна почина.

Scroll to Top