Шарлиз Терон не можеше да го сокрие воодушевувањето од Мет Дејмон: „Го гледам чудно… Не требаше да го кажам тоа“

Холивудската актерка Шарлиз Терон привлече големо внимание со своите искрени и духовити коментари за колегата Мет Дејмон, со кого повторно застана пред камерите во новиот филм „Одисеја“ на режисерот Кристофер Нолан.

За време на светската премиера на филмот во Лондон, новинар на „Entertainment Tonight“ забележа дека Мет Дејмон е во одлична физичка форма, по што Терон со насмевка откри дека таа имала можност да го види и надвор од костимот.

„Го снимав овој филм со него… Го имам видено без целиот тој костим“, изјави актерката.

Потоа, гледајќи во далечината, низ смеа призна:

„Чудно е… Го гледам малку чудно. Му го гледам задникот.“

Веднаш потоа самата се прекори, додавајќи:

„Не требаше да го правам тоа. Тоа навистина не е во ред.“

Сепак, Терон повторно нагласи дека 55-годишниот актер изгледа „неверојатно“ и дека неговата физичка трансформација за улогата е импресивна.

Во филмот „Одисеја“, Мет Дејмон ја игра главната улога на Одисеј, додека Шарлиз Терон се појавува како Калипсо.

Ова не е нивна прва соработка. Двајцата глумеа заедно уште во 2000 година во филмот „The Legend of Bagger Vance“, во кој настапуваше и Вил Смит.

Во интервју за емисијата „Today“, Терон призна дека повторната соработка со Дејмон по речиси три децении била многу емотивна.

„Го снимивме првиот кадар и си реков: ‘Боже, ова го правевме кога бевме речиси деца, а сега сме двајца возрасни луѓе’“, се присети таа.

Актерката не крие дека Мет Дејмон е еден од нејзините омилени луѓе во Холивуд.

„Тој е еден од моите омилени луѓе. Ретко се случува повторно да споделиш вакво искуство со некого по 30 години, особено со човек кој е толку прекрасен“, изјави Терон.

Таа додаде дека е исклучително среќна што токму Дејмон ја добил главната улога.

„Тој е навистина добар човек. Прекрасно е да се биде во негово друштво и сите сме многу среќни што ја доби оваа можност. Подобар човек не можеше да ја добие оваа улога“, истакна актерката.

Во времето кога го снимаа „The Legend of Bagger Vance“, Мет Дејмон сè уште не ја познавал својата сегашна сопруга Лусијана Баросо. Двојката започна врска во 2003 година, се венча во 2005 година во Њујорк и денес има три ќерки – Изабела, Џија и Стела. Дејмон ја има посвоено и Алексија, ќерката на Лусијана од претходна врска.

Во неодамнешно интервју актерот откри дека семејните вечери се правило од кое никогаш не отстапуваат.

Од друга страна, Шарлиз Терон е самохрана мајка која ги посвои своите две деца, Џексон и Август. Во минатото беше во врска со музичарот Стефан Џенкинс, актерот Стјуарт Таунсенд и актерот Шон Пен.

Покрај Мет Дејмон и Шарлиз Терон, во „Одисеја“ играат и Зендеја, Том Холанд, Роберт Патинсон, Ен Хатавеј, Лупита Њонго и уште многу холивудски ѕвезди.

Scroll to Top