(Видео) Ден по трансферот, Елмас без тренинг дебитираше за Наполи

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас го имаше своето деби во дресот на Наполи. Фудбалерот влезе во 67. минута во игра и уште во првата акција по неговото влегување, Наполи постигна гол против Кремонезе.

Пријателскиот натпревар заврши нерешено, 3:3, а Елмас влезе во игра по повредата на Малкуит. Италијанскиот тренер Карло Анчелоти го стави Македонецот во игра без ниту еден одржан тренинг.

Елмас не мина ниту 24 часа во новиот клуб, а веќе се најде во резервниот тим на Анчелоти.

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Елиф Елмас ги помина лекарските прегледи и потпиша договор со италијанскиот клуб „Наполи“. Неофицијално, договорот е за 5 години, а од него Елмас ќе заработува по околу 1,5 милиони евра годишно.

Со тоа Елмас стана најскапиот македонски фудбалер што направил трансфер во странство. Елмас доцна вчера пристигна во кампот на „Наполи“ во Димаро и од денес ќе поче да тренира со „наполитанците“.

(Видео) Елиф Елмас ќе игра во Италија, потпиша договор со „Наполи“

Scroll to Top