(Видео) Девојка фрли чинија по Адам Лабунски па тргна да го тепа: Нов инцидент на македонскиот пејач во „Задруга“

Анастасија Бојановиќ, една од учесничките во „Задруга“ се налути на Адам Лабунскка, па откако го гаѓаше со чинија, почна да го тепа. Инцидентот се случил на крајот на „Играта на вистината на Миќо“ кога Анастасија и Адам почнале да се караат и меѓусебно да се обвинуваат дека лажат.

Анастасија во нервоза фрли со чинија по Лабунски, кој се пожали дека го погодила по раката. Иако останатите учесници во шоуто пробаа да ги смират, Анастасија скокна преку масата и го удри неколку пати Адам, пред да ги раздвојат.

Не е првпат Лабунски да се најде во непријатна ситуација во реалното шоу. Пред еден месец Урош Чертиќ го кубеше за коса и го нарече македонско девојче. Адам тогаш плачеше дека не сака да му ја пипкаат косата и бараше да го пуштат да си оди од шоуто, но на крајот сепак остана.

Scroll to Top