(Видео) Џамбазов ѝ дише на Лила во врат

Актерот и шоумен Игор Џамбазов сними песна за „Инстаграм“, во која вели дека оваа социјална мрежа ги „уби ѕвездите на Фејбук“.  Песнава е подарок џингл по повод денешната конференција „Нови комунициски трендови – инфлуенсер маркетинг“. Песната е препев од позната Video Killed the Radio Star.

Џамбазов веќе три месеци е активен на „Инстарам“ и има скоро 24.000 илјади следбеници. Тој е најбрзорастечка ѕвезда, или како вели „инфлуенсерка“ на Инстаграм, па многумина велат дека ќе ја поминел и Лила, која има скоро 160 илјади следбеници. „Игор и без секси пози ѝ дише на Лила во врат, кај и да е ќе ја стигне“, коментираат на социјалните мрежи.

Scroll to Top