Популарниот глумец и шоумен Игор Џамбазов, кој беше специјален гостин на концертот на Гуру Харе на манифестацијата „Карпошово лето“, ја испеа „Ако умрам ил загинам“ во чест на починатиот актер Ванчо Петрушевски.
„Тажен сум. Изгубивме многу талентиран човек. Си отиде Ванчо Петрушевски. Половина од својот живот го поминав со него. Оваа песна му ја посветувам нему“, рече Џамбазов пред бројната публика.
Видеото со песната во блуз стил се споделува на социјалните мрежи, а коментарите се дека Игор својата тага и болка ја пренесува и на публиката.