(Видео) Џамбо свиреше на Булеварот на славните во Холивуд

Македонски трубач Џамбо Агушев со својот оркестар неодамна имаше 16-дневна турнеја низ Америка. Додека престојуваа во Лос Анџелес, Џамбо и неговиот оркестар снимија спот на градската плажа во Лос Анџелес и на булеварот на славните во Холивуд. Песната Let’s Go (to Hollywood) веќе добива позитивни коментари и реакции од публиката. Џамбо и момците од бендот предизвикаа големо внимание и кај минувачите додека свиреа на една од најславните улици во светот.

Џамбо и неговиот бенд за време на турнејата во Америка настапија во Сан Франциско, Оукленд и Лос Анџелес.

Scroll to Top