Поп-пејачката Дина Јашари ја промовира новата песна Right here во соработка со Сирилик и Иван Јованов. 18-годишната Дина е авторка на текстот и на музиката, а аранжманот е на диџеј дуото „Сирилик“ и на Иван Јованов. За песната сними и спот во кој се појавува манекенката Сара Дамчевска. Дина досега се нема појавено во ниеден од своите спотови, па нејзините пријатели ја нарекуваат македонската Сиа.
Дина со музика се занимава од 11 години. Таа беше еден од придружните вокали на „Ај кју“ на Евровизија во Лисабон. Лани учествуваше на „Кастинг талент шоу“, музичко шоу организирано за потребите за мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески. Досега има снимено три песни со „Сирилик“ и две нејзини авторски „Дојди со мене“ и „Вреди ли?“