Дина Јашари ја објави нејзината нова песна „Досада“ на која таа се потпишува како целокупен автор. Аранжманот го напаравила заедно со Драги Иванов.
Песната има и видеозапис во режија на Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.
„Кога мислев дека немам што да смислам веќе, од глава ми излезе „Досада““, напиша Јашари.