(Видео) ДНК и Џамбо Агушев направија Ивкова слава, па ја собраа естрадата на печено прасе во новиот спот

ДНК и Џамбо Агушев имаат нова песна, „Ако утре ме нема“. Тие ги поканија на дружење и печено прасе нивните пријатели, пејачите Наум Петрески и Миле Кузмановски, Тошо Малерот и актерите Тони и Александар Михајловски, па снимија и спот.

„Другари, направивме мала Ивкова слава која се надеваме дека ќе ве расположи. ‘Ако утре ме нема’ е нашиот нов сингл во соработка со Џамбо Агушев и неговиот оркестар. Уживајте, запејте и славете го животот“, вели Панчо.

Тој е автор на музиката заедно со Лазар Цветкоски, а дел од аранжманот е на Џамбо Агушев. Спотот го режираше Кристијан Теодоров.

Новата песна е дел од активностите на Андреј и Панчо со кои го одбележуваат јубилејот 20 години постоење на ДНК. Тие веќе најавија концерти низ цела Македонија, а турнејата ќе ја завршат на 3 декември со концерт во салата „Борис Трајковски“ и со промоција на нивниот нов албум.

На почетокот на годината, Панчо откри дека од Министерството за култура ДНК не добиле никаква финансиска помош за концертите што ќе ги одржуваат за нивниот 20-годишен јубилеј.

Scroll to Top