(Видео) Докторката пак ѝ се врати на музиката: Симона има нова песна на англиски

По пауза од една и пол година, поп-пејачката Симона Поповска има нова песна – Feel So Good. Музиката ја направија диџеј Ерик Фокс и Рената Кралевска, а Рената го напиша и текстот на англиски. За песната, Симона објави лирикс-видео, кое го изработи Зоран (Зонде) Стојановски.

„Feels So Good набргу ќе се најде на неколку светски музички платформи, како Spotify и АppStore. Набргу ќе промовирам уште неколку песни, некои на македонски, а други на англиски јазик“, вели Симона и најави дека им се враќа на музичката сцена и на настапите во живо.

Поп-пејачката се повлече од сцената пред речиси две години пред да стане мајка. Откога го роди синот Никола, им се посвети на мајчинството и на работата како дерматолог. Таа претходно настапуваше со Ерик Фокс во клубовите низ Македонија со името „Саунд месинџерс“. Симона пееше и освои неколку награди на фестивалите во Македонија.

 

 

Scroll to Top