(Видео) Драгана Левенска со градите го крена на нозе пансионот во Преспа

Младата глумица Драгана Левенска се појави во една од новите епизоди на серијата „Преспав“. Таа сними неколку сцени со главните актери и ем со глумата, ем со градите, за брзо ги освои и Коста, но и гледачите.

Драгана има завршено на Факултетот за радио-визуелни  уметности ЕСРА, а на публиката ѝ е позната од театарот, каде има играно во голем број театарски претстави и во неколку краткометражни филмови.

Во хит-серијата, во која повторно игра цела постава актери, се врати и актерот Владо Јовановски, кој прв го играше Миле Бузалевски. Потоа него го замени Игор Џамбазов. Актерката Наташа Петровиќ, која игра масерка, е новиот лик во пансионот. А тука е и Тања Кочовска, која во ликот на Стојне е бившата жена на Миле Бузалевски.

Scroll to Top