Излезе трејлерот за филмот „Покидан“ кој е дел од трилогијата „Кафана на Балкану“ на „Хајп продукција“, чие сценарио е правено по мотивите кои се темелат на животот на балканската музичка фолк ѕвезда Аца Лукас.
Лукас во филмот го игра актерот Младен Совиљ, а во трејлерот има делови од возбудливиот, бурен и турбулентен живот на Лукс. Дрога, секс, блуд, оргии, комар, насилство… сите можни пороци. Премиерата е на 3 ноември во „Штарк Арена“ во Белград, а веднаш по неа и големиот концерт на Аца Лукас.
View this post on Instagram