(Видео) Дурловски пречекан со овации на сцената на МОБ

Со овации и извикување на неговото име, публиката во МОБ го поздрави враќањето на Игор Дурловски на сцената. Тој настапи на Мајските оперски вечери во операта „Турандот“ каде што го игра ликот на Тимур.

И Дурловски ѝ се заблагодари на публиката за големата поддршка што ја доби по појавувањето на сцената.

„Вчера беше можеби најважниот ден од мојата пејачка кариера. Трема, емоции, љубов… Дадов сè што чував во себе а добив исто така сè!“, стои, меѓу другото во објавата на Дурловски на „Фејсбук“.

Ова е прво враќање на Дурловски на сцената откако неколку месеци беше во притвор во истражниот затвор во Шутка. Против него беше покренато обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок, поврзано со настаните во Собранието лани на 27 април. Од затворот беше пуштен во домашен притвор, а потоа беше целосно ослободен од секаков притвор.

Scroll to Top