(Видео) Една година без Зеко-Игор и Пиже не можат да одболуваат

Актерот Игор Џамбазов кој веќе некое време е во Дојран. Тој на интересен начин се присети на неговиот  другар Горан Атанасов-Зеко,  кој почина лани на днешен ден. По една година од загубата, Игор реши со   омилената песна на Зеко и ни низ многу фотографии, да ги сподели сеќавањата за него и да му одаде почит. И сето ова, на специфичен начин, кој освен тагата по загубата, ќе измами и насмевки. За потсетување, во 90-тите години Игор, Пиже и Зеко беа „Хавана бенд“, а зад нив се  многу дружби, како и популарните „Шток ми бејбе“, „Дај ми жити се“, „Нема спас“. Зеко лани почина на 57 години по кратко боледување. Тој беше еден од скопските урбани ликови, некогашен пејач и поранешен угостител.

 

Scroll to Top