(ВИДЕО)Елена Петреска со ново видео и настап на „Макфест“

By

Поп-пејачката Елена Петреска го промовираше видеото за новата песна „Верувам“. Со ова таа повторно се враќа на музичката сцена, по паузата што ја направи поради раѓањето на своето второ дете, ќеркичката Софија.

Текстот, музиката и аранжманот се на Павле Васиљевиќ. За потребите на спотот е направена и нова фотосесија, која ја изработи Дарио Јанковиќ.

Елена вели дека оваа песна е одамна направена, уште кога останала бремена со поголемиот син Михаил, но дури сега било вистинско време за да ја промовира.

„Песната е најава за моите музички ангажмани  кои ќе ги снимам и промовирам. Веќе за септември во план е уште една песна, која ја работев со Игор Узунов, а за која јас го напишав тексот“, вели поп-пејачката.

Елена ни откри дека во октомври ќе настапи на „Макфест“ во Штип со песната „Нешто“ од шветското дуо Јува и Линда Персон.

„Песната е готова. Тескот на македонски го направи Елена Ристевска. Драго ми е што соработувам со двете Швеѓанки, кои се многу популарни во својата земја и кои до сега соработувале со многу евровизиски пејачи“, открива Елена. Таа вели дека од сега почесто ќе ја има на музичката сцена. Веќе има закажано неколку настапи во земјава, а во план се и промоции на неколку нови песни.

Иако музички е ангажирана, сепак, секој слободен миг го користи да биде со своите деца, синот Михаил и ќеркичката Софија. (А.Г.)

Ќе ви се допадне