(Видео) Елена препеа две песни од Благица Павловска

Фолк-пејачката Елена Јовческа промовир две песни, преработки на хитовите од Благица Павловска, „Каде после мене дали знаеш ти“ и „Доктори 100 да ме лечат“. Песните се направени со нов аранжан. Благица и Елена долго време се пријателки и соработнички, па Елена со дозвола од Павловска ги преработи нејзините песни.

„Пред мене е период на доста работа. Двата хита од Благица навистина сакав да ѝ ги донесам на публиката онака како што прилега. Сакав да ја оправдам довербата на нашата жива легенда во музика бидејќи нејзино мислење е дека токму јас треба да ги препеам. Тоа навистина ми значи како на помлад пејач. Тука се и довербата и поддршката што секојдневно ги добивам од публиката како од Македонија така и од нашинците во светот“, вели Елена.

Елена истовремено снима и авторски песни. Последната е „Македонци, нè има сегде“.

Scroll to Top