Прилепчанките Елена Јовческа и Сања Ристеска деновиве го промовираа видеото за дуетската тема „Сестра“.
Песната е посветена за сите сестри кои што судбината ги оддалечила, односно живеат во различни земји.
Кадрите за видеото се снимени во Охрид, а после промоцијата на домашен терен следува и промоција во Австралија каде фолкерките се чести гостинки.
- Со Сања се познаваме долго време и двете сме од Прилеп и случајно дојдовме до идеја да снимиме дует. Се надевам дека на публиката ќе и се допадне она што го сработивме и сигурна сум дека многу сестри ќе се пронајдат во приказната, открива Елена.
Сања вели дека напорно работеле на создавањето на проектот, но и дека тоа брзо ќе им се исплати.
- Се надеваме дека публиката ќе ја прифати многу добро оваа песна. Работевме напорно на спотот и создавањето на песната , но сепак тоа ќе се исплати, додава Сања.