(ВИДЕО) Елена Велевска сними нова песна на бугарски

Фолк-пејачката Елена Велевска ја сними песната „Отпуштен си од мојот живот“. Снимен е и спот за песната, кој Елена го промовираше на Јутјуб каналот. Песната е на бугарски јазик и е наменета за бугарскиот пазар, а наскоро ќе се снима и македонска верзија. Бугарската верзија е на Јорданчо Василковски, Македонец кој живее во Бугарија, а текстот е на Мариета Ангелова.

„Бидејќи потпишав договор со бугарската продуцентска куќа ‘Пајнер’, нормално е песната да биде испеана на бугарски за да ме запознае публиката и да ме разбере. Секако дека снимам и македонска верзија, за публиката во мојата земја“, вели Велевска.

Таа ни откри дека планира наскоро да снима нови песни и за бугарскиот и за македонскиот, но и за српскиот пазар.

За новата песна и видео на Велеска пишуваат и бугарските медиуми. (А.Г.)

Scroll to Top