Елиф Елмас е вториот фудбалер од Македонија кој успеа да ја освои титулата во Италија, прва по 33 години од ерата на Диего Армандо Марадона. По синоќешното реми против Удинезе 1:1, Елмас го славеше Скудетото со тимските колеги.
„Доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија, Камерун. Останатото е историја. Сонот на Наполи се оствари“, рече Елмас по натпреварот.
Играчите на стадионот во Удинезе славеа со навивачите кои беа таму, а во Неапол се славеше на стадионот, кој беше исполнет до последното место. Се славеше и низ градските улици на кои излегоа стотици илјади луѓе.
Кога Осимхен постигна гол за 1:1, градот се тресеше, а кога судијата означи крај, запалија огномети и ракети. Со тренерот Лучијано Спалети, Наполи до крајот на сезоната ќе игра уште пет натпревари со Фиорентина, Монца, Интер, Болоња и со Сампдорија.
За потсетување, пред Елмас, Пандев во 2010 година ја освои титулата со Интер.
View this post on Instagram
Napoli after winning the title 🎇🔵🇮🇹 pic.twitter.com/vDItiDXpQV
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 4, 2023