(Видео) Елмас со македонското знаме на календарот на „Наполи“

Елиф Елмас, македонскиот фудбалски репрезентативец кој игра за италијанскиот „Наполи“, се најде на календарот на клубот за 2020 година. Со него на сликата е и девојка која носи фустан во боите на македонското знаме.

„Наполи“ објави видео со кое го најави излегувањето на календарот, а на кое се гледа како биле снимени фотографиите. „Еден град, еден клуб, еден свет“ е мотото на новиот календар. Освен Елмас, во календарот се вклучени уште 11 други фудбалери и 12 девојки, кои преку фустани ги прикажуваат знамињата на државите од кои доаѓаат играчите.

Scroll to Top