(Видео) Емоции на сцената за починатиот вујко: Огнен Здравковски запеја на Василичарскиот концерт

Вчеравечер во МОБ се одржа традиционалниот Василичарски концерт. Настап имаше и младиот пејач Огнен Здравковски, внукот на неодамна починатиот виртуоз на виолина Зоран Џорлев. Низ многу емоции, само 13 дена откако го загуби вујкото ја отпеа популаранта песна на Дарио „Дупла вотка“.

„ Ми беше чест и задоволство што пеев на овогодишниот Василичарски концерт. Тие што беа таму слушнаа и видоа, никогаш во мојот живот не сум изнел толку емоција на сцена. Сè си има зошто.  Настапот го посветив на мојот еден и единствен вујко“, вели Огнен, кој неодамна за „Репортер“ ги сподели чувствата и тагата по Зоран Џорлев. „Песната е лек за душата и кога боли“, му пишуваа во кометрите по настапот на Здравковски.

„Вујче, уште многу песни ни останаа недопеани“: Огнен, внукот на маестро Зоран Џорлев, раскажа за тешките мигови по смртта на познатиот виолинист

Scroll to Top