Француската Академија за филмска уметност во Париз го одржа 47. доделување на наградите „Цезар“, но добитниците останаа во втор план поради скандалот што го предизвика тамошната комичарка и јутјуберка, позната како Мари.
Таа излезе на сцената, го сврте грбот кон публиката и го подигна фустанот покажувајќи му го задникот на жирито.
Потоа застанала зад микрофонот и рекла: „Еве ви го мојот задник, данок на културата, непоразени гледачи, вие што преживеавте, ви го покажувам мојот задник“.
Мари на крајот му се обратила на Луис Гарел со зборовите: „Те сакам, Луис“.
Французите на социјалните мрежи го опишуваат ваквиот момент како „најсрамното нешто што се случило во историјата на наградата ‘Цезар’“.
View this post on Instagram
Мари веднаш по многуте критики се огласила на „Инстаграм“ пишувајќи дека се гордее што е „катарза на францускиот срам“.
Се гордеам што не ги задоволувам нормите на оние во смокинзите и фустаните со светки, со толку смешна професија, а толку сериозен имиџ. Непријатност, срам, овие културни инструменти се измислени за да бидеме подложени на кодексите и трендовите што диктираат што е прифатливо, а што не. Да ризикувам, да се доведам во опасност, да се осудам да бидам смешна пред Академијата кога и самата сум актерка. Како се осмелив да ги вознемирам, да ги посрамотам сите овие личности на кои им се воодушевувам, од чиј суд се срамам. Немам што да кажам, секогаш слобода, без оглед на цената“, напишала таа.