„Аманет“ е новата песна на фолк-групата „Фортисимо“ од Тетово. Музиката и аранжманот ги направи Бобан Мојсоски, а текстот го напиша Драган Таневски. Иако се неколку години присутни на фестивалите за народна музика и соработуваат со познати композитори и музичари, песната „Аманет“ е прва за која снимија спот. Видеото е снимено во соработка со студио „Ѓоровски“.
„Песната во себе носи една тажна приказна, но наша реалност. Таа е посветена на сите мајки кои поради туѓината се разделени од своите чеда, но ја посветуваме и на сите наши Македонци кои се далеку од својот роден крај. Спотот го снимавме во селото Галичник, пред сè поради симболиката на целото ова место кое некогаш било полно со луѓе и живот, а денеска за тоа сведочат само куќите и неколкуте жители таму“, велат од бендот.
Тие неодамна ја снимија песната „Од каде ти“, но велат дека пред крајот на годината ќе промовираат уште една песна.