(Видео) Гавазова со бугарски кадри ќе ја освојува Србија

Фолк пејачката Сузана Гавазова промовира ушет една нова насловена „Сечање на твој грех“,наменета за српскиот пазар. Песната има и македонска верзија.

Автор на музиката е Саша Диниќ, стиховите се на Ана Диниќ за српската верзија, а за македонската верзија текстот е на Орце Зафировски, додека аранжманот го направи Александар Саблиќ. Спотот се снимаше на неколку локации во Бугарија.

Ова е трета песна на српски јазик за популарната македонска пејачка, која дебитираше на музичката сцена Србија, со песната „Хало“ . По оваа , следеше  „Намазана“.

„Голема благодарност на сите кои работеа на оваа песна и спот. Дадовме голем труд и работа, па се надевам дека ќе ви се допадне“, рече Гавазова .

Scroll to Top