(Видео) „Го вратив 20 години назад во времето“, Огнен Здравковски го послушал вујко му Џорлев да ја објави новата песна „Душо моја“

Младиот пејач Огнен Здравковски деновиве ја објави песната „Душо моја“, која ја сними на крајот на минатата година. Станува збор за преработка на песната на познатиот сараевски пејач Кемал Монтено.

Огнен вели дека ја објавил по советите и комплимените кои ги добил од неговиот вујко, познатиот виртуз на виолина Зоран Џорлев, кој на почетокот на годината, ја загуби битката со коронавирусот.

„Во декември снимив аудио за песната и во истиот момент му го пратив на вујко ми за да слушне и да ми даде совет и критика. Веднаш штом му ја пратив на вибер ја ислуша и ми се јави и ми кажа дека е наежен од глава до пети, ми рече исто како да го слушал Кемал да ја пее и дека сум го вратил 20 години назад во времето. Ми рече веднаш да ја извадам бидејќи многу ми лежела и имала премногу емоција. Едноставно морав да го послушам“, вели Огнен.

Новиот аранжман го направил Александар Тарабунов, а видеото е на Зоран Зонде Стојановски.

Scroll to Top