(Видео) Ѓоко Танески носталгичен за старата љубов

„Една љубов имам“ е најновата песна на Ѓоко Танески. Музиката за баладата со народен призвук ја компонираше Николче Мицески, а текстот го напиша Ѓоко. Режисер на спотот е Даниел Јовески. Снимен е на неколку локации во Охрид, и во него Танески се сеќава на старата љубов. „Одлична песна, а ти носталгичен“, стои во коментарите на видеото.

Scroll to Top