(Видео) Ѓорѓе Давид горд на 16-годишниот Дамјан во „Гранд“

16-годишниот пејач Дамјан Димевски освои три гласа во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“ и ќе ја чека одлуката од продукцијата дали ќе продолжи со натпреварувањето. Болен, со зарипнат глас и затнат нос, тој ги испеа „Плавуша“ од Кичо Слабинац и „Во коси да ти спијам“ од Тоше Проески, а жирито го пофали неговиот настап.

„Ти благодарам што не ме разочара и што дојде болен да пееш. Горд сум на твојата посветеност“, му рече менторот Ѓорѓе Давид.

Тој додаде и дека е воодушевен од неговиот настап и енергија. Настапот на Дамјан почнува на 1:20:57.

(Видео) Македонец со „Море сокол пие“ е новата ѕвезда на Гранд

 

Scroll to Top