Првиот вицепремиер Артан Груби на денешниот прес со новинарите покрај тоа што зборуваше на политички теми, одговораше и на прашањата за неговиот стил на облекување. Еден од новинарите му рече дека краватата му изгледа милитантска и го праша каква порака сакал да испрати со неа.
Тој одговори дека се работи за стил на облекување и дека му одговарала и со чорапите.
„Не е само кравата и чорапите се. Така да се работи за стил, но ако така се интерпретира, јас ќе ја тргнам и нема да ја ставам веќе никогаш. Ќе ви ја подарам на вас“, му рече Груби на новинарот и му ја подари.
Груби: Облеков пинк чорапи заради борба против ракот на дојката