(Видео) Грујо ко холивудска ѕвезда

Никола Груевски утрово е приведен во судот во Унгарија кој одлучува за екстрадицијата на поранешниот македонски премиер. Тој избега во Будимпешта лани во ноември. Унгарските медиуми пишуваат дека рочиштето е затворено за јавноста, а деталите ќе се знаат по завршувањето.

Eкс-премиерот и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ се појави со безбол капче и очила за сонце, кои не ги тргнал ниту додека седел во судница. Тоа се оние скапи очила украсени со дијаманти во вредност над 60.000 долари, за кој тој тврдеше дека ги купил 300 евра.

Откако се појавија сликите од неговиот стил на обелкување и начинот како се движи во судот во Будимпешта, главниот муабет на социјланите мрежи е дека освен што е здебелен „Грујо е ко холивудска ѕвезда“.

Груевски е осуден во предметот на СЈО за мерцедесот и треба да одслужи 2 години затворска казна во земјава.

 

Scroll to Top