Игор Џамбазов пушти вода во тоалетна школка за да ја испрати 2020 година. Видеото го објави вчера пред полноќ.
„Да не си помислила да се вратиш, ѓубре едно”, вели Игор за старата 2020 година во видеото што го објави, во кое додека ја испраќа годината пушта вода од казанчето.
Повеќето во коментарите му напишаа дека требаше да пушти вода двапати. Утрово Игор со видео од Дојран ја честита Новата 2021 година под кое пиша „Среќна ти нова, Македонијо!”.
Игор и неговата девојка Илина се во Дојран од каде што објавија фотографии како уживаат во празниците.