(Видео) Хармоникашот Сашко Велков му посвети оро на починатиот пријател

Сашко Велков, еден од основачите на оркестарот „Дрим тим“ од почетокот на годината реализираше два нови соло проекти. Првиот е неговото оро за хармоника „Majestic Accordion“ кое го посвети на неговиот починат пријател Далибор Минов. Вториот проект е балканска музичка вечер посветена на љубителите на хармониката.

„Песната ја работев подолго време, ама она што сакав да го добијам бараше малку повеќе работа. Музиката и аранжманот се мои, мастерингот е на Љупчо Соколовски, а видеото го работев со Столе Стоилов од ‘Флај видео продукција’. Станува збор за мое авторско оро кое е правено во српски стил со фигури од балканското подрачје“, вели Велков.

Балканската музичка вечер, пак, ќе се одржи на 20 март во Кочани. Оваа идеја Сашко ја имал одамна, а освен хармоникаши од Македонија, ќе настапи и бугарскиот виолинист Георги Јанев.

Scroll to Top