Најстарата ќерка на Соња и Јохан Тарчуловски, Мелани, вчера пееше на караоке-напревар во Анталија, Турција, каде се на одмор. Таа пред повеќе од 3.000 луѓе ја испеа „Македонско девојче“ и доби силен аплауз. Пред да почне да пее, Мелани кажа дека е од Македонија и дека ќе пее познатата народна песна.
Освен Мелани, Соња и Јохан ги имаат синот Младен и ќерката Јоана. Тие неодамна прославија 14 години брак.
Погледнете го видеото.