Викендов бше објавен трејлерот за новата акциона серија „Black Ops“.
Серијата опфаќа неколку комплексни теми преку лупата на акцијата и драмата како жанрови, вклучувајќи ја неуморната упорност и граници на човековиот карактер, моќта на глобалната мрежа на подземјето, како и трговијата со луѓе како посочен проблем и факт.
Зад серијата е потпишана македонската продукција Artistic Film Production, а снимањето на епизодите од првата сезона се очекува да започне во наредните месеци.
„Специјалците” кои се дел од филмската екипа, се Давид Мука, во главна улога како Вилијам Конор, кој е придружен од Христијан Тасковски – Таско, во улога на Тони Калашев – Сатар, главниот антагонист во серијата, Стефан Лазаров во улога на Петар Бабиќ, Тамара Тодевска во улога на Бела, Ана Стојановска во улога на Нора, Игор Џамбазов во улога на Џејсон Бот, Роберт Ристов во улога на Цирих, Душан Пауновски во улога на Марко „Рет” и Марија Лазарова во улога на Софија, како и многу други.