(Видео) Игор и Пиже ја расположија сопругата на починатиот Зеко

Актерот Игор Џамбазов и Сашо Пижевски -Пиже ја изненадија сопругата на нивниот починат другар Горан Атанасов-Зеко.

Тие ѝ подарија бел велосипед, на што таа реагираше изненадено и особено среќно.  Другарите на нејзиниот сопруг како вистински џентлмени не заборавиле да ја украсат корпата со цвеќе.

За потсетување, во 90-тите години Игор, Пиже и Зеко беа „Хавана бенд“, а зад нив се  многу дружби, како и популарните „Шток ми бејбе“, „Дај ми жити се“, „Нема спас“. Зеко лани почина на 57 години по кратко боледување. Тој беше еден од скопските урбани ликови, некогашен пејач и поранешен угостител.

Scroll to Top