(Видео) Игор, Весна и децата актери ја имаат новата екохимна: Рефренот ѓубренце нека ја разбуди свеста

Весна Петрушевска и Игор Џамбазов заедно со децата актери ја промовираа еколошката химна на јутјуб каналот на „Агенда 21“. Песната е изработена за телевизиската емисија „Агенда 21“ која има за цел да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина.

„Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ е рефренот кој ќе го потпевнувате секој пат кога ќе ве изнервира граѓанската негрижа и ќе ве потсети дека промените можат да дојдат и од нас преку мали чекори во секојдневието. Певлива, но во исто време и „до коска“ реална која целосно го отсликува ниското ниво на еколошка свест во државава – велат од КМК Продукција.

Спотот е сниман на кејот на реката Вардар и на кровот од зградата на Македонија осигурување Виена иншуренс груп, кои се и нивни поддржувачи. Децата од спотот се од Актерскатa школа на Весна Петрушевска и учениците од гимназијата „Орце Николов“.

Scroll to Top