Откако излезе во јавноста веста дека се во љубовна врска, Игор и Илина и понатаму се повод за муабет. И овој пат смислено прават фора, а дека „слободата е во мода“, покажува и новото видео што го објавија на Инстаграм. Алпинистката Арсова има интересен стајлинг, особено чорапите даваат малку секси нота (така велат фановите) додека Џамбазов ѝ пее „ти си моја брусилица“.
Е па сега, брусилица или не, малку штос од Дојран за фановите на актерот и планинарката.