(Видео) „Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по вистината

Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН повторно го насочува вниманието кон себе со својата нова песна „Илузија“ – темна, искрена и емотивна музичка исповед што зборува за внатрешните конфликти, болката од загубата и копнежот по нешто што можеби никогаш не постоело.

Песната „Илузија“ не е само уште една музичка бројка во неговото богато портфолио – таа претставува звукот на тишината, на неизговорените мисли и чувства кои сè уште одекнуваат во човековата душа. Темата ја допира границата меѓу стварноста и имагинацијата – љубовта што станува замаглена, болката што се претвора во внатрешен монолог, и прашањата кои не добиваат одговор.

 

„Во моите мисли конфузни / Милион души заробени…“ – вака започнува песната, а со секој следен стих, слушателот се нурнува сè подлабоко во личната приказна што секој може да ја препознае како своја.

Текстот и музиката се оригинално дело на ДААН, а за професионалниот аранжман, микс и мастеринг се погрижи Кире Јакимов, долгогодишен соработник и истакнат музички уметник. Песната е целосно создадена во студиото DAAN MUSIC PRODUCTION, а видеото – кое придонесува за визуелно заокружување на приказната – исто така е во продукција на Дарко Андонов.

Дарко Андонов – ДААН е активен на музичката сцена веќе над 20 години, со над 30 издадени песни како автор и повеќе од 15 песни како артист. Познат по својот препознатлив стил, комбинација од емотивна длабочина, модерна продукција и искрен пристап, тој успева да создаде песни кои оставаат трага.

„Илузија“ е повеќе од песна – тоа е состојба на умот. Таа е наменета за сите оние кои некогаш се чувствувале изгубено, несфатено или самотно. Секој стих, секој тон носи тежина, но и убавина.“

ДААН открива дека песната е само вовед во нешто поголемо – нов албум, кој е во подготовка, и ќе вклучува и неколку нови нумери, меѓу кои и уште една песна со видеоспот што ќе биде објавена наскоро. Исто така, се работи и на дует соработка, која ќе биде претставена во наредниот период

Scroll to Top