(Видео) Ирена и Иван имаат нов проблем

Фолк-пејачката Ирена Спасовска и пејачот Иван Илиев снимија спот за нивната втора заедничка песна, „Проблем“, која во оригинал ја пеат Аца Лукас и Маја Беровиќ.

„На песната и спотот работевме со истиот тим и излезе уште подобро од тоа што го планиравме. Видеото го снимивме во преубав ноќен амбиент“, ни кажа Ирена.

Видеото е на Алек Тасевски, а покрај Ирена и Иван, се и Боро Кина Митовски на синтисајзер  и Благоја Алачки на гитара.

„Иако уште немаме настапи поради короната, продолжуваме да снимаме и работиме на новите песни. На лето планираме да промовираме авторска весела песна“, изјави Ирена Спасовска.

Инаку, минатата недела тие промовираа спот од нивната прва заедничка песна „Јас имам некој, а ти си сам“, микс од два познати хита  „Славија“ на српските пејачи Џеј и Мина и истоимената песна на Весна Змијанац и Славко Бањац.

(Видео) Јас имам некој, а ти си сам: Ирена и Иван

Scroll to Top